Скоро 30 часа по поттикнувањето насилсилство на толпа за да го нападне американскиот Капитол како поддршка на неговите неуставни напори за поништување на претседателските избори, Доналд Трамп конечно призна дека „новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари“ и вети „непречен“ трансфер. На видео објавено на Твитер, Трамп го започна своето обраќање осудувајќи го нападот врз зградата на Капитол.
– Како и сите Американци, јас сум згрозен од сцени на насилство, беззаконие и хаос. Веднаш наредив распоредување на Националната гарда и федералната полиција за обезбедување на зградата (Конгресот) и протерување на натрапниците – рече тој.
Сепак, неколку извештаи покажуваат дека Мајк Пенс, а не Трамп, наредил доаѓање на Националната гарда, додека сегашниот претседател се спротивстави .
Трамп тогаш рече дека Америка е и мора да биде „држава на законот и редот“.
– Демонстрантите кои упаднаа во Капитол го сквернавеа седиштето на американската демократија. На оние што ги предизвикаа немирите и насилството, им велам: вие не ја претставувате нашата земја. И на оние што ги прекршиле законите: ќе платите. Поминавме низ неизвесни избори и емоциите се силни, но сега мора малку да ги смириме страстите и да започнеме мирно. Ние мора да продолжиме со работата – додаде Трамп и додаде дека тој сепак цврсто верува дека изборните правила мора да се реформираат „за да се обезбеди доверба на гласачите на сите идни избори“. Тој потсети дека Конгресот ги потврди изборните резултати, односно дека победи eо Бајден. и дека неговата инаугурација ќе биде на 20 јануари.
– Новата администрација ќе биде инаугурирана на 20 јануари. Сега сум фокусиран на обезбедување непречен и мирен трансфер на власта. Овој момент бара заздравување на раните и помирување – изјави Трамп.