Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден.
„За сите вас кои што прашавте, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на својот Твитер.
To all of those who have asked, I will not be going to the Inauguration on January 20th.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021
Откако Конгресот официјално ја потврди победата на Џо Бајден за претседател на Соединетите држави, претседателот Доналд Трамп вчера објави изјава во која се наведува дека одлуката „претставува крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателството“.
„Иако не се согласувам целосно со исходот на изборите, сепак ќе има мирна транзиција на 20 јануари“, рече Трамп.