Постои благ тренд на опаѓање на бројот на заболени од ковид 19, но бројките се уште се големи и секој ден десетици сограѓани ја губат битката со болеста, предупредува министерката за труд, и член на српскиот кризен штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Таа изјави дека, ако се спореди со пет или шест илјади нови пациенти на дневна основа, бројот под две илјади е помал, но таа посочува дека се уште се работи за екстремно високи бројки и дека повеќе од 200 луѓе се на апарати за дишење во многу тешка состојба, пренесува Танјуг.
Како што рече таа, сето ова покажува дека вирусот е сè уште тука.
– Имаме вакцина, тоа е светло на крајот од тунелот, но сепак мора да се однесуваме одговорно, бидејќи видовме дека вирусот ја користи секоја слабост и опуштање- рече Кисиќ Тепавчевиќ.