Министерството за здравство соопшти дека во изминатово деноноќие починале уште 22 лица како последица на коронавирусот.
Од нив, десет пацинети се од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г).
Пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Од почетокот на кризата со Ковид-19 во земјава починаа вкупно 2.614 лица