Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, најави денеска вицепремиерот за борба против корупција .
Тој ги охрабри граѓаните посочувајќи дека не треба да се плашат и да пријават корупција.
-Затоа воведуваме повикувачки кол центар каде ќе може да се граѓаните да пријавата корупција. Преку овој систем правните и физичките лица ќе може да пријават ненавремено постапување на надлежните институции во однос на барања, решенија за сето она што ти треба да им служат. Тие ќе можат без разлика дали е за царина, спорт, урбанизам, концесии и во други области, кои се детектирани во првите 100 дена, рече Николовски,кој најави дека работата на административците ќе биде оценувана и надгледувана, а во секое министерство ќе се избира административец на годината.