Слободата на говорот е нападната како никогаш порано. Не ме загрозува 25-тиот амандман, но тој ќе се врати да го прогонува Џо Бајден, кому сакам да му порачам, биди многу внимателен со она што го сакаш. Барањето за отповикување е најголемиот лов на вештерки во историјата, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на ѕидот на границата со Мексико.
Трамп зборуваше и за немирите во Вашингтон, кога демонстрантите упаднаа на Конгресот.
„Ние сме нација на закон и ред“, рече Трамп, повикувајќи на мир, додавајќи дека „почитувањето на силите на редот е во срцето на нашата агенда“.
Трамп повтори дека повиците за негово отповикување биле „најголемиот лов на вештерки во историјата на државата“ и дека „тие предизвикуваат голем гнев, поделба и болка, далеку поголема отколку што повеќето луѓе можат да разберат, што е многу опасно за САД, особено во ова, многу чувствително време“.
Трамп за првпат ѝ се обрати на јавноста по упадот на неговите приврзаници во Конгресот за време на протестот во Вашингтон.