Опозицијата повикува на мобилизација, власта децидна попис ќе има во април

од Берта Китинска
330 прегледи

Пратениците денекс повторно ги спротивставија ставовите околу методологијата за спроведување на оваа статистичка операција.

По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да ја кочи или одолговлекува оваа статистичка и многу важна институционална операција, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Пратениците избрани од народот имаат обврска да го овозможат тоа.
Сите надлежни институции да можат навремено и квалитетно да ги направат подготовките за пописот и успешно да го спроведат согласно меѓународните стандарди“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување ќе се создадат сите услови за одржување на попис оваа година.

Вмро Дпмне упатија забелешки на злоупотребата на европското знаменце, одбивањето на нивните амандмани, нетранспарентноста на власта. Опозицијата уште еднаш побара повлекување на предложениот текст, без тоа да се сфати како пораз, туку, како што беше речено, како начин за изнаоѓање најдобро решение.

Пописот ќе се спроведе во април, децидни се СДСМ.Тврдат дека државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис, а ќе се прави и споредба и ќе бидат проверени со податоците на други 10 институции.

Се очекува законот за попис да се изгласа во текот на утрешниот ден. Македонија е единствената земја во Европа која нема спроведено попис 18 години.

Слични содржини