Изборите за нов претседател на Барселона, кои беа закажани за 24 јануари, се одложени поради зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирус во Каталонија.
Одлуката за одложување на изборите беше донесена по состанокот меѓу претставниците на клубот и регионалната влада и откако шпанската влада објави дека нема да бидат дозволени исклучоци во мерките за борба против коронавирусот за да се овозможат овие важни избори за каталонскиот клуб.
Каталонската влада ги заостри мерките во борбата против коронавирусот, кој им забранува на луѓето да ги напуштаат своите општини, освен во случај на работа, образование и здравствени причини.
Кандидати за нов претседател на Барселона се Џоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша.
Еден од тројцата ќе го замени Жосеп Марија Бартомеу, кој поднесе оставка во октомври.