МВР: Казнети 179 возачи во Скопје, 29 за брзо возење

од Nikola Popovski
173 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден (17.01.) продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Според нив, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло) и 11 мерки за користење на мобилен телефон.  Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.