Есмералда итно хоспитализирана поради коронавирус: „Молете се за мене“

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Летиција Калдерон (52), позната по серијата „Есмералда“, заврши на итно лекување поради компликации со коронавирусот.

Според мексиканските медиуми, нејзината здравствена состојба е многу сериозна, а заразени се и некои членови на нејзиното семејство, но никој освен неа не е хоспитализиран. Летиција е во болница од петокот и исто така се огласи на Твитер.

„Јас сум во болница и сум опкружен со прекрасен тим од медицински персонал кој се грижи за мене. Сега е потребно време и трпеливост да се излекувам. Ви благодарам за сите ваши пораки за поддршка. Оваа година не започна како што очекував и уште неколку членови на моето семејство се заразија и затоа ве замолувам да се молите за нас“, напиша таа во последните две објави.

Актерката истакна дека од почетокот се придржувала до препорачаните мерки за заштита од коронавирус, но дека сепак се заразила.

Слични содржини