Жител на Скопје пронајден мртов во својот дом

од Nikola Popovski
138 прегледи

МВР соопшти дека 62-годишник од Скопје бил пронајден починат во неговиот дом во Скопје.

Според информациите од полицијата, на 18.01.2021 во 16:45 во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом бил пронајден починат П.С.(62) од Скопје.

„Засега не се познати причините за настапување на смртта“, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Увид извршен.