ПОСЛЕДНИ МОМЕНТИ ОД МАНДАТОТ НА ТРАМП: Еве кого помилува пред да ја напушти Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska
402 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот советник на Белата куќа Стив Бенон, како дел од групата за помилување на последниот ден од должноста.

Не се очекува Трамп да се помилува себеси, членовите на семејството и неговиот приватен адвокат Руди Џулијани, кој ја водеше кампањата за изборни измами на претседателските избори на 3 ноември, пренесуваат американските медиуми.

Бенон беше важен советник и играше клучна улога во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, а минатата година беше обвинет за измама на донаторите на интернет кампањата „Да изградиме ѕид“, со која се собраа 25 милиони долари.

Наспроти советот на претставниците на Белата куќа, Трамп го помилува Бенон, со кого ја обнови врската, додека тој побара поддршка за неговите тврдења за изборни измами.

Бенон тврди дека не е виновен, а според зборовите на поранешниот обвинител Даниел Алонс, тој сепак може да биде обвинет пред судот во Њујорк.

Слични содржини