Маричиќ: После речиси две децении државата конечно ќе спроведе попис

од Берта Китинска
177 прегледи

Сакам да ја поздравам одлуката на Собранието, кое предмалку го изгласа Законот за попис, напиша на својот Фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Им порачувам на граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите. Државниот завод за статистика и институциите се повеќе од подготвени за спроведување на пописот, а пробниот по оваа нова методологија веќе беше поздравен од Европската комисија. После речиси две децении државата конечно ќе спроведе ваква сложена статистичка операција, а резултатот од истиот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики. Директна корист од пописот ќе има и бизнис заедницата, напиша Маричиќ.

Слични содржини