Денеска во Собранието беше изгласан Законот за попис на населението.
Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ законот за попис го гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ, Беса и коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива која го обезбеди мнозинството.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во гласањето. Опозицијата пред извесен преиод најави дека по донесувањето на овој закон ќе почне со собирање на најмалку 10.000 граѓански потписи за поднесување на предлог закон за укинување на овој попис.
Власта уверува дека институциите имаат капацитет да го спроведат пописот како статистичка операција која ќе обезбеди квалитетни и релевантни податоци за долгорочен развој.
Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април. Последното пребројување во Македонија е направено во 2002 година.