Заев: Институциите се подготвени, пописот ќе се спроведе со употреба на најмодерни алатки

од Берта Китинска
165 прегледи

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека ја поздравува одлуката на пратениците за спроведување на пописот и носењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.

-Институциите се целосно подготвени, пописот ќе се спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, според меѓународните стандарди и критериуми на Евростат.И Европската Комисија нотираше дека е постигнат добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението и тестирањето на новата методологија која ќе се користи за спроведување на истиот.

Оваа статистичка операција е основната алатка за креирање на развојните политики на државата. Затоа пописот во 2021 ќе се спроведе – не затоа што премиерот Заев така рекол. И не затоа што Мицкоски така сака или не сака. Попис2021 ќе има затоа што развојот на Северна Македонија нема да биде можен без резултатите од овој попис, напиша Заев.