Пилот проектот дава резултати, сериозната имплементација на новиот концепт ќе создаде паметни деца, конкуретни на пазарот на труд, вели министерката за образование, Мила Царовска, во вестите на Сител.
-Во две основни училишта се имплементира овој тип на програма и во едно средно, да не зборувам приватните, пилот проект веќе постои, веројатно оние кои заземале став немале претходно анализа на постојниот образовен систем. Тоа постои како програма и може да се сретнете со наставниците кои ја имплементираат и кои се презадоволни, изјави министерката за образование.
Таа истакна дека со секоја реформа што ќе следува ќе имаме подобро на образование.
– Нашите ученици не се помалку интелегентни од другите ученици само им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот. За прв пат за реформи во образованието зборуваме во државата, до сега сите концепции што се носени, сите програми сите реформи заради тоа што се во надлежност на МОН немало дискусија , кога засегнати страни досега дискутирале за образование? Сега го имаме најтранспарентниот процес и верувајте навистина сум среќна затоа што јас верувам во демократија, верувам во тоа дека секој треба да си го каже ставот и токму затоа многу ги ценам конструктивните коментари, изјави Царовска.