Откако започна вакцинацијата главното прашање што се поставува е дали оние што го поминале вирусот ковид 19, треба да „побрзаат“ при примањето на вакцината?
Националната служба за јавно здравје на Велика Британија ги советува дури и оние кои ја поминале короната да ја примат вакцината.
– Дури и ако веќе имате корона вирус, сепак треба да ја примите вакцината. Ќе го намали ризикот од друга инфекција и сериозноста на симптомите ако повторно добиете вирус, велат научниците.
Кога е вистинското време да се направи вакцината? – Ако неодамна сте биле позитивни на тест за коронавирус, дури и асимптоматски, треба да почекате најмалку 4 недели по датумот на тестот пред да ја добиете вакцината – рекоа тие, додавајќи дека тоа е најдобра заштита од корона вирус.