Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој замина на Флорида по завршувањето на мандатот, зборуваше за прв пат откако Џо Бајден положи заклетва и стана 46-от претседател на Соединетите држави.
Според светските медиуми, Трамп поминува време на Флорида играјќи голф, а репортер на „Вашингтон егзаминер“ имал краток разговор со поранешниот претседател на САД.
– Ќе сториме нешто, но сè уште не – му рече тој на новинарот во кратка интеракција, пред да се врати на мечот за голф во приватен клуб, пренесува „Daily Mail“.
За потсетување, лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, рече дека членот за импичмент на Трамп, усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот, ќе биде доставен до Сенатот во понеделник, со што официјално ќе започне процесот на отповикување во Сенатот.