Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 21 за брзо возење, 13 за возење под дејство на алкохол.