Германија ќе стане првата членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, заслужен за помош на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се опорави од ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.
„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник Bild am zontag, пренесува „Танјуг“.
Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат распоредени во универзитетските болници во следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.
Шпан не го именуваше производителот кој ќе ги доставува лековите, но тој потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп кога се разболел со кови-19 минатиот октомври.
„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Администрацијата на овие антитела во раните фази може да им помогне на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија“, рече Шпан.