Вирусот пополека се стишува, ќе купуваме кинески вакцини додека ги чекаме другите

од Берта Китинска
182 прегледи

Бројот на заразени со ковид 19 се намалува, властите смируваат дека новиот британски сој не е регистрирани кај нас. Покрај тоа што се очекуваат вакцините на Фајзер од страна на Србија, министерот за здравство соопшти дека се преговара и со кинескиот производител.

Не треба да дозволиме поселдни да се вакцинираме.

-Јас сум првиот кој кажа дека не смееме да бидеме последни кои ќе ја примат вакцината против Ковид 19. Во Србија има претставништво Фајзер и затоа вакцинацијата тече. За жал Западниот Балкан е исклучок од вакцинацијата. Ние бевме практично заборавени пред се од големите фармацевтски компании, на кои им е битен профитот. Во нашите преговори со Фајзер и АстраЗеника прво прашање кое беше поставено од нивна страна  е колкав број на жители сме и дека сега во моментов нивен интерес се големите пазари. Ние не сме единствените каде не е започната вакцинацијата Боса, Албанија, Црна Гора, вели  за ТВ Клан, Стево Пендаровски.

Македонија е во преговори со кинескиот производител

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во 360 степени најави дека Македонија е во преговори со кинескиот производител на вакцини против Ковид 19

-Не е точно дека не сме ја споменале оваа опција, премиерот ја најави како една од опциите и разговаравме со кинеската амбасада. Остануваме доследни на Ковакс механизмот, во петок треба да кажат точно кога и колку вакицини ќе стигнат. Го чекаме и одговорот од Фајзер. Но, очигледно е дека сите производители имаат проблем со капацитетите и затоа сакаме да обезбедиме процес на имунизација кој ќе има континуитет. Сакаме да обезбедиме соодветна количина и од сите производителите. Сите производители имаат развиено безбедни вакцини и кога ќе почне процесот сакаме да нема пауза. Сега чекаме детали во однос на цената и испораката, и до крајот на оваа недела ќе ги знаеме овие детали. Суштината е дека производителите кои први излегоа на пазарот имаат проблем со капацитетот. Нашите сознанија се од публикуваните материјали. Буквално сите вакцини се ефикасни и безбедни, вели Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.