Една година од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант: Еве по што ќе го памтиме

од Stefanija Kuzmanovska
551 прегледи

Пред точно една година, легендата на НБА, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа во американската држава Калифорнија, во близина на градот Калабасас.

Покрај Брајант, уште осум лица го загубија животот тој ден – неговата ќерка Џиана (13), тренерот Џон Алтонбели (46), неговата сопруга Кели (46) и Алиса (13), Сара Честер (45) и нејзината ќерка Пејтон (13) помошник тренерот на Академијата Брајант, Кристина Маузер (38), како и пилотот Ара Зобајан (50).

И додека светот испраќа пораки за жртвите една година по трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата на „магичната игра под обрачите“, вистинско време е да се потсетиме како Брајант заработи таков статус меѓу луѓе низ целата планета.

Коби целата своја кариера ја помина во еден клуб. Тој за Лејкерс одигра 1.346 натпревари во 20 сезони, од кои 1.198 како стартер во лигашкиот дел од сезоната, додека во плејофот тој одигра 220 натпревари (200 започна).

Тој моментално се наоѓа на второто место по бројот на сезони поминати во еден клуб, зад Дирк Новицки (21, Далас Маверикс), и пред Тим Данкан (19, Сан Антонио Спарс), Џон Стоктон (Јута Џез, 19), Реџи Милер, (Индијана Пејсерс, 18)…

За тоа време, Коби играше во финалето на НБА седум пати. Тој беше поразен двапати од Детроит Пистонс (2004) и Бостон Селтикс (2008), додека исто толку пати беше прогласен за најдобар играч во последната серија (2009 против Орландо Меџик и 2010 против Бостон Селтикс).

Тој играше дури 18 пати на „Ол стар“ натпревари, додека еднаш беше прогласен за најдобар играч во лигата (во 2008 година).

Тој беше најдобар играч на овие натпревари четири пати (2002, 2007, 2009 и 2011 година). Со возраст од 18 години и 169 дена, тој стана најмладиот шампион на натпреварот во забивање (1997 година), а една година и еден ден подоцна, најмладиот кошаркар кој ја започна оваа утакмица.

Тој покажа дека не е само нападот негова силна страна, со тоа што девет пати беше избран во најдобриот дефанзивен тим во лигата, а 11 пати беше дел од првите пет на шампионатот.

Тој беше двапати најдобар стрелец во лигата (2006, 2007).

Слични содржини