327
Денес Црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар на 28 километри северно од Драч.
Земјотресот, кој бил регистриран во 15,32 часот, бил почувствуван во Црна Гора, како и во С. Македонија.
Јачината на земјотресот во епицентарот бila 3,8 степени според Рихтеровата скала, односно 5-ти степен според Меркалиевата скала.
Епицентарот се наоѓа на длабочина од 14 километри.
Земјотресот не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.