Во светот над 100 милиони заразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во светот во средата надмина 100 милиони, додека земјите ширум светот се борат со новите видови на вирусот и недостиг на вакцини, пренесува „Ројтерс“.

Скоро 1,3 проценти од светската популација сега е заразена со КОВИД-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, а повеќе од 2,1 милиони луѓе починаа.

Едно лице е заразено во просек на секои 7,7 секунди од почетокот на годината. Се пријавуваа околу 668.250 случаи дневно во истиот период, со глобална стапка на смртност од 2,15 отсто.

Најтешко погодените земји – САД, Индија, Бразил, Русија и Велика Британија – сочинуваат повеќе од половина од пријавените случаи со КОВИД-19, но претставуваат 28 отсто од глобалното население, според анализата на „Ројтерс“.

Слични содржини