203
Eзерото Треска не се уништува, туку се ревитализира просторот околу него, информираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
– На самото езерце не се работи, туку во неговата околина, односно нејзино урбанизирање. Некогаш некои политички структури заради личен политички интерес пренесуваат и прикажуваат лажна состојба дека се уништува езерото и дека нешто се случува со самото езеро. Не се случува ништо во самото езеро, туку со околината и се реализира деталниот урбанистички план. Мое мислење е дека треба да се работи за граѓаните, на граѓаните треба да им се презентира пред било што биде започнато за да не дојде до ненакви збрки, рече Шилегов.