272
Судот во Русија денеска ја отфрли жалбата на апсењето на опозиционерот Алексеј Навални.
„Нема да можете да ги исплашите десетиците милиони луѓе кои беа ограбени од таа влада“, рече Навални на видеото од затвор.
Неколку сојузници и приврзаници на Навални побараа негово ослободување од затвор рано утрово во Москва, што уследи по масовните протести минатиот викенд низ целата земја.
Четириесет и четиригодишниот Навални, најпознатиот критичар на владата на претседателот Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија, каде мина пет месеци закрепнувајќи од труење со нервен агенс, за што го обвинува Кремљ.
Руските власти ги негираа обвинувањата.