Владејачката СДСМ, во едно од своите денешни соопштенија, посочи дека во програмите на ВМРО ДПМНЕ не постои НАТО, и ја обвини опозициската партија дека Армијата ја оставиле со стари чизми, униформи, без дневници, во руинирани касарни, со стара и дотраена опрема.
„Очигледно е, Христијан Мицковски нема за цел да биде коректор на политиките на власта, бидејќи за тоа треба став и знаење, туку кочничар на се што е прогресивно и во интерес на граѓаните.
Мицкоски ја лаже јавноста дека е патриот а не направиш ништо за државата и работи против граѓаните.
Во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ се зборува за НАТО а на дело да Мицкоски го кочеше зачленувањето и не се израдува на членството.
Сега ровари во Армијата и безбедноста во очајнички обид да го девалвира членството во НАТО.
Неговата ВМРО-ДПМНЕ, столбот на државноста, Армијата, ја остави со стари чизми, стари униформи, без дневници, во руинирани касарни, со стара и дотраена опрема.
Мицкоски зборува за демократија и прогрес а единствената меѓупартиска соработка му е онаа со Никола Груевски, неговиот шеф.
Христијан Мицкоски треба да знае дека „еретик“ е оној што се одметнува од својот народ, од неговите интереси.
Мицкоски треба малку да излезе од белиот дворец, да види дека граѓаните имаат други потреби и да прекине да работи против својот народот и својата држава“, се вели во соопштението од СДСМ.