Илјадници студенти протестираа во Грција и покрај забраната за собири

од Stefanija Kuzmanovska
712 прегледи

Речиси 3.000 студенти, според полицијата, излегоа на протест денес во Атина, и покрај забраната за собири, поради законот за воведување полициски патроли на универзитетите.

Околу 1.500 луѓе присуствуваа на сличен протест во Солун, рече полициски извор.

Ова е трет студентски протест во последните три недели.

„Не за полицајците на универзитетите“, извикуваа студентите со маски на лицето. Тие исто така побараа отворање на универзитетите затворени веќе неколку месеци поради „заклучувањето“ со цел спречување на опасноста од короната.

Контроверзниот предлог-закон предвидува специјални полициски патроли кои, според владата, ќе обезбедат безбедност на високообразовните институции каде што често избива насилство.

Сепак, студентите и ректорите возвраќаат дека мерката го укинува независниот статус на универзитетите, принцип што важи за повеќето универзитети во Европа и според кој полицијата не смее да интервенира без барање на ректоратот.

Полициското присуство на универзитетите е чувствителна тема во Грција поради крвавата репресија во ноември 1973 година. Армијата и полицијата тогаш интервенираа во Политехничкото училиште во Атина поради студентски демонстрации против воената хунта.

Предлог-законот беше критикуван од опозицијата и медиумите поради бројни случаи на полициска репресија.

Слични содржини