Колку трае имунитетот кај луѓето кои двапати го прележале коронавирусот?

од Nikola Popovski
499 прегледи

Директорот на српскиот Институт за јавно здравје на Војводина, Владимир Петровиќ, вели дека сè уште нема податоци за тоа колку трае имунитетот на оние кои двапати биле заразени со коронавирус и додава дека должината на имунитетот зависи од должината на болеста.

„Сè уште немаме доволно податоци, бидејќи сè уште има многу малку пациенти кои се разболеа по втор пат. Она што го откривме во Војводина е дека на секои 1.000 пациенти, двајца повторно се разболуваат … Времетраењето на имунитетот зависи од должината на болеста. Колку болеста била потешка, имунитетот трае подолго, една година или повеќе“, изјавил Петровиќ.

Тој додава дека кај оние кои имале само позитивен тест, без симптоми, имунитетот трае до 60 дена, додека кај оние кои имале полесна форма на болеста, што е, како што наведе, 90 проценти од регистрираните случаи, кај нив „проверениот имунитет трае подолго од шест месеци“.

„Кога зборуваме за вакцини, тоа понатаму ќе се проценува. Засега е измерено само со вакцината Фајзер, и тоа за првите шест месеци, бидејќи толку помина од оние што ја примија и нивниот имунитет е сè уште присутен“, истакнал Петровиќ.

 

Слични содржини