Д-р.Грујичиќ одговара дали пациентите со малигни заболувања треба да примат вакцина против ковид

од Берта Китинска
490 прегледи

Директорката на Институтот за онкологија и радиологија на Србија, Даница Грујичиќ изјави  дека пациентите со онкологија кои се на зрачење треба да се консултираат со своите избрани лекари за вакцината против ковид.

Грујичиќ, како гостин во РТС дневно, рече дека сите онколошки пациенти кои победиле било какво малигно заболување или сега се во мирна фаза, можат слободно да примат каква било вакцина против ковид.

– Оние кои примаат терапија или чекаат на операција, треба да разговараат со нивниот онколог дали да се вакцинираат сега, бидејќи тоа се специфични случаи и секој е за себе. Како што мисли лекарот што ги води, и тие треба да го сторат истото – истакна Грујичиќ.

Таа посочи дека оние пациенти кои примаат хемотерапија имаат послаб имунитет, кој се намалува, па давањето вакцина може да биде „истрел во раката“. Грујичиќ изјави дека минатата година во 27.500 граѓани во Србија била дијагностицирана некаква форма на карцином.

Слични содржини