Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција Вилма Русковска во вечерашното гостување во „Трилинг“ изјави дека се уште стои зад изјавата дека зад организираниот упад во Собранието стои Никола Груевски.
-За упадот никој не ја оспорува таа изјава, според законот кој има сила за кривична постапка не може да му се поднесе обвинение, доколку не е испитан во истрагата. Истрагата за него е прекратена не е запрена се додека тој не биде достапен на органите, вели Русковска.
Во однос на тоа дали обвинителството има информации за бегството на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Русковска вели дека има информации, но нема докази.
-Обвинителството има информации ама нема докази така да за да се покрене обвинение за било кој обвинителството мора да достави докази пред судот, објасни Русковска.