Во духот на конструктивноста, секогаш ќе комуницираме со внимателен и достоен дипломатски наратив, одговорија од Владата по изјавите на бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева која се побуни зошто во Македонија ќе се врати српскиот јазик во училиштата, објави Канал 5.
-Повеќепати премиерот Заев и Владата апелираа до официјалните претставници вклучени во процесот на разговори меѓу Македонија и Бугарија, но и до медиумите да се внимава на изјавите, зашто може да повредат и да предизвикаат говор на омраза.
Ги осудуваме и се оттргнуваме од сите изјави што имаат цел да испровоцираат непријателски реакции.
Секој јавен настап, без оглед од која страна доаѓа, треба да биде во функција на решенија, а не во функција на провокации, се наведува во одговорот на Владата на прашањата од Канал 5 за наводите на шефицата на бугарската дипломатија , Захариева во врска со српскиот јазик во училиштата во Македонија, соопштија од Влада.