Спасовски: Ја спречуваме неконтролирана сеча и нелегалната продажба на дрва

од Берта Китинска
150 прегледи

Ја спречуваме неконтролирана сеча на шумите, нелегалната продажба на дрва за огрев што претставува сериозна закана врз еко-системот и намалување на шумскиот фонд, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

-Денеска остварив средба со Аница Симонова, раководител на Сектор шумска полиција, Јулијана Николова, генерален директор на Македонски шуми и Сашо Јовановиќ од секторот за шумарство и ловство при МЗШВ, при што разговаравме за моменталната состојба, а ги детектиравме и проблемите и недостатоците со кои се соочуваат институциите. Дополнително, формиравме координативно тело составено од членови од сите надлежни институции кое во најкус можен рок ќе започне со подготовка на системски мерки, со цел конечно решавање на состојбата со бесправното сечење на шумите, напиша Спасовски.