Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) денес ги продолжија своите истражувања за потеклото на коронавирусот во Вухан, при што, покрај болницата која прва ги прими пациентите со коронавирус, тие треба да го посетат и Институтот за вирусологија и контроверзниот пазар.
По излегувањето на 14-дневниот карантин, членовите на тимот ја посетија болницата Јинџинтан во Вухан, првата здравствена установа што прими пациенти со Ковид-19.
Нивниот точен распоред сè уште не е познат, со оглед на тоа што главниот извор на информации се нивните твитови.
https://t.co/BdxX5tg2dc No such thing as going under the radar….
— Marion Koopmans (@MarionKoopmans) January 30, 2021
Сепак, постои сомнеж во тоа колку податоци експертите ќе можат да соберат повеќе од една година по почетокот на пандемијата и со кинеските власти познати по нетранспарентност во темите што можат да предизвикаат полемики.
Светската здравствена организација се обиде да ги намали очекувањата во петокот.
– Би сакал да го предупредам целиот свет: за да може испитувањето за пренесувањето на болести од животни на луѓе да биде успешно, не е потребно да се најде изворот на првото пренесување – им рече на новинарите директорот на СЗО за итни операции, Мајкл Рајан .
Just back from visit at Jinyintan hospital, that specialised in infectious diseases and was designated for treatment of the first cases in Wuhan. Stories quite similar to what I have heard from our ICU doctors.
— Marion Koopmans (@MarionKoopmans) January 30, 2021
И покрај „многу, многу густиот распоред“ на групата експерти во Вухан, Рајан не даде премногу детали за нивната програма. Сепак, тој ги спомена Институтот за вирусологија во Вухан и градскиот пазар каде што се продаваа живи егзотични животни и каде вирусот може да се пренесе на луѓето.
Марион Купманс, една од членовите на тимот на СЗО во посета на Кина, објави на Твитер дека кинеските лекари ги третираат пациентите на многу сличен начин како што се лекуваат низ целиот свет.
Од средината на мај, само две лица починаа од коронавирус во Кина, а земјата објави 4636 смртни случаи од почетокот на пандемијата, спротивно на повеќе од 2,1 милиони смртни случаи ширум светот.