Креаторот на „Спутник V“ прави уште една вакцина и два лека против ковид

од Берта Китинска
228 прегледи

Научниот истражувачки центар „Гамалеја“, креаторот на првата вакцина против вирусот корона во светот, ќе направи нова вакцина против kovid 19 и два лека за превенција и лекување на оваа заразна болест, пишува рускиот портал „РБК“ .

Како што се наведува, Министерството за здравство на Русија ќе одвои соодветни средства на центарот „Гамалеја“ за развој на нова вакцина и лекови против корона. Документот е објавен на порталот „Госрашоди“.

Од текстот произлегува дека новата вакцина ќе се прави врз основа на честички слични на вируси, пренесува Спутник.

Според порталот, Центарот „Гамалеја“ планира да лансира лек против корона во периодот од 2021 до 2023 година, базиран на синтетички инхибитор на неонуклеотиди на протеазата од корона вирусот, додека во 2022 година треба да се појави лек што го блокира рецепторот на ACE2.Се претпоставува дека лекот може да се користи и за превенција и за третман на вирусот корона.

Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“, во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, ја направија вакцината „Спутник V“, која на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија.

Слични содржини