Овозможен увоз на вакцини: „Имунизацијата е единствениот начин да ставиме крај на пандемијата“

од Берта Китинска
286 прегледи

Дополнителниот предлог-закон за изменување и дополнување на законот за лекови и медицинските средства кој овозможува и услови за увоз на вакцини против ковид-19 во земјава вчера беше усвоен со консензус во Собранието.

Министерот за здравство Венко Филипче го поздрави донесувањето и дополнувањето на законот преку својот Фејсбук.

Во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата. Изразувам благодарност до пратениците за поддршката и искажаната грижа за колективното здравје, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

-Имунизацијата е единствениот начин да ставиме крај на пандемијата, истакна Филипче.

Во Законот, што беше поддржан и од опозициските пратеници, се прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на државава, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на државава, подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и  трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на земјава.

Утврдениот Национален план за имунизација

За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата. Во прв ред, тоа се превентивните служби за имунизација во рамки на Здравствените домови во кои се врши задолжителната имунизација и епидемиолошките служби во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, во кои се врши имунизација по епидемиолошки и клинички индикации.

 

Слични содржини