Д-р Петличковски: Не ни прети сериозна закана од новиот сој

од Берта Китинска
364 прегледи

Може и без британскиот сој да се зголеми бројот на дневна основа бројот на позитивни лица, бидејќи сметам дека сме олабавени повеќе отколку што треба. Ќе има уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на пандемијата која има нормален тек, ништо не се случува спектакулрно со откривањето на нови случаеви, вели директорот на Институтот за имунологија д-р Александар Петличковски во емисијата „Студио 10“.

Тој вели дека нема простор за паника .

-Имаме солидно ниво на колективен имунитет кој веќе достигнува 40 проценти само ни фали имунизација и да ја затвориме оваа приказна. Британскиот сој сигурно е поодамна во нашава земја поради отворените граници, вели докторот, вели Петличковски.

Тој смета дека касно е за воведување на нови рестрикции.

Не се очекува како што и во земјите, фокусот треба да биде ставен на поголема вакцинација. Различни симптоми од инфекцијата нема , апсолутно не се разликува по клиничката слика на самиот ковид. Ако досега се ширеше ќе имавме голем наплив во болниците, сметам дека не ни прети сериозна закана од новиот сој, обајснува Петличковски.

Слични содржини