Пендаровски за случајот „Јавна соба“: Институциите не реагирале безмалку една година

од Nikola Popovski
198 прегледи

„Јас примив некои од жртвите од „Јавна соба“, но не сакав да ги експонирам и ми рекоа дека биле жртви минатата година и ми рекоа дека лани во март пријавиле. Тоа значи дека безмалку една година им требаше на институциите да реагираат како што треба. Треба да се прашаат тие институции кои постапувале аматерски, лошо. Станува збор за потенцијални неколку илјади жртви“, изјави претседателот Стево Пендаровски за случајот со „Јавна соба“.

Според него, единствен начин во државата да профункционира одговорноста е да ги прозиваме луѓето кои се носители на соодветна институција, од општина до претседател.

„Одговорноста секогаш има име и презиме секаде во светот“, истакнува Пендаровски.

Слични содржини