„Нашиот договор кој го имаме со „Фајзер“, очекуваме кон средината на февруари да ги даде резултатите. Тоа се првите 5.850 вакцини со тоа што во март продолжуваме со следните 17 илјади“, изјави денес премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на набавката на кинеската вакцина, Заев се надева дека оваа недела ќе се заокружи постапката. Вели дека во разговорите со САД и НАТО е констатирано дека набавката на вакцините не е геополитичко прашање, туку суверено право на секоја држава.
Договорите со кинеската компанија и со „Фајзер“ се очекува да се финишираат неделава, а Филипче информира дека и двете компании имале идентични барања за да се увезат вакцините во Македонија, но деталите, особено за цената, биле со клаузула деловна тајна.
„Со 200.000 кинеските вакцини во февруари ќе стартува масовното вакцинирање во земјава, а во следниот месец ќе продолжи со вакцините на „Астра Зенека“ од каде во март се очекуваат меѓу 25 и 51 илјади вакцини. Во фрижидерите меѓу вакцините на „Синофарм“ и „Астра Зенека“ во истиот период треба да се најдат и околу 13.800 Фајзер вакцини“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.