Учениците ќе учат историја, а сексуалното образование ќе биде изборен предмет

од Берта Китинска
289 прегледи

Реформата не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање, рече  во „Само интервју“ министерката за образование Мила Царовска.

-Учениците ќе учат историја, стравот кај граѓаните е неоснован, со новиот концепт историските настани ќе се изучуваат подлабоко. Предметот општествени науки преоѓа во наслов Човек и општество од 1во до 3то одделение, а Историја и општество од 4-то до 9-то одделение. Реформата не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање, рече Царовска.

Таа објасни дека не се брза со воведувањето на новите реформи, туку доцниме.

-Концепцијата за основното образование не ја пишува министерот тоа го прават експерти кои ја доставуваат до министерството, а ја потпишува министерот. На новата концепција е работено три месеци. Не брзаме, туку  доцниме со реформите според законот веќе дев години. Новите реформи ќе се спроведат од септември во прво и четврто одделение, а во текот на дебата одлучивме дека новата концепција во шесто ќе се спорведат во 2022/2023 година. Наставниците веќе работат по интегриран начин и тоа лесно ќе се спроведе, вели министерката.

Во врска со сексуалното образование таа рече дека не се воведува во второ одделение, и дека тоа било лажна вест.

-Во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во 9. одделение. Сите анкети покажуваат дека и родителите, и учениците, и наставниците имаат потреба од овие теми во образовниот систем во погорните одделенија. И така е поставен концептот,рече Царовска.

Новата концепција за основното образование ќе биде воведена во септември во прво и четврто одделение.

Слични содржини