Првата вакцина која ќе пристигне во земјава ќе биде на кинескиот производител Синофарм.
Секој граѓанин може да се пријави за вакцинација.Податокот кој ќе се внесе во електронската пријава автоматски ќе дојде кај матичниот лекар.Воедно граѓаните ќе имаат можност и за откажување на прегледот и повторно закажување.
-Матичните лекари ќе закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку Мој термин, а идната недела ќе биде објавена веб-страница на која граѓаните ќе може електронски да се пријавуваат со цел да им се олесни на матичните лекари, рече д-р Жаклина Чагоровска .
На прес-конференцијата беше објаснето дека оние граѓани кои нема да сакаат да примат одредена вакцина во закажаниот термин , ќе може да се откажат од вакцинирањето и да закажат повторно вакцинирање.
-На дневно ниво, од вакцината на Синофарм и со работа на пунктовите во полн капацитет очекувам да вакцинираме од 2000 до 2500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот, рече министерот Филипче.



