Живееме во едно доста стресно време и секојдневно се соочуваме со работи што не дразнат и ни ја рушат хармонијата на душата, па некако преку ликот на Натали од серијата „Преспав“ научив како да ги избегнувам овие стресови и да се фокусирам на позитивните работи што ги носат дури и навидум безначајните мали моменти во денот и да се потсетам на тоа колку е важно луѓето кои се околу вас да се среќни за и вие да сте среќни, вели во интервјуто за „Локално“, актерката Наташа Петровиќ.
Според Петровиќ децата се најискрената публика кои не го кријат тоа што го чувствуваат.
-Секогаш знаете кога нешто им се допаѓа или не им се допаѓа. Се радувам кога играм за нив но исто толку возбудливо е и кога ќе седнам во гледалиште да гледам претстава со нив, бидејќи кога гледаш претстава во нивно друштво заедно ја делите возбудата и радоста и некако магично ве враќаат во детството и се чувствувате како за прв пат да сте во театар и се препуштсте на магијата што ја носи театарот.
На прашањето дали се плаши од ковид 19, Наташа вели дека внимателно ја следи ситуацијата и се грижи како за сопственото така и за здравјето на најблиските.
-Би се вакцинирала. Не би можела да кажам дека не ме плаши коронавирусот, ја следам ситуацијата и сум многу внимателна, се грижам за сопственото здравје и здравјето на моите најблиски. Ги следам препораките бидејќи сметам дека не е само лична одговорност туку е и општествена, ако се штитите себеси ги штитите и чувате и другите, вели актерката.
Што може да ве налути и која човекова особина најмногу може да ве повреди?
Најмногу ме лути неправда и нехуманост, а ме повредува себичност и игнорантност.
Дел сте од Театарот за деца и младинци, каква публика се децата?
Децата се најискрената публика, не го кријат тоа што го чувствуваат и знаете кога нешто им се допаѓа или не им се допаѓа. Секогаш се радувам кога играм за нив, но исто толку возбудливо е и кога ќе седнам во гледалиште да гледам претстава со нив, бидејќи кога гледаш претстава во нивно друштво заедно ја делите возбудата и радоста и некако магично ве враќаат во детството и се чувствувате како за прв пат да сте во театар и се препуштате на магијата што ја носи театарот.
Кој е последниот филм или серија кој сте го погледнале и ви оставил силен впечаток?
Последна серија то ја гледав е Озарк на Netflix и она што ми остави впечаток е маестралната актерска игра на кастот исто така уживам во анимираните филмови на Хајао Мијазаки бидејќи со неговата креативност и имагинација успева да ме тргне од реалноста и да се препуштам на магичните светови што ги отвара.
Како ви се допаѓаат новите филмови во кои како да изостанува глумата, а акцентот повеќе е ставен на уметничките ефекти?
Уметноста е субјективна работа особено кога станува збор за тоа како ја перципираме, јас на пример сакам уметнички (арт) филмови и не сметам дека во нив изостанува глумата, напротив таа треба да е соодветно дозирана за да е во хармонија со останатите елементи. Немам ништо против ваквите филмови се додека има квалитет во тоа што се нуди на гледачите.
Натали е девојка без влакна на јазикот, цврсто чекори во остварување на своите соништа нов лик и освежување во „Преспав“ што е она кое вистински можевте да го научите од неа?
Живееме во едно доста стресно време и секојдневно се соочуваме со работи што не дразнат и ни ја рушат хармонијата на душата, па некако со овој лик научив како да ги избегнувам овие стресови и да се фокусирам на позитивните работи што ги носат дури и навидум безначајните мали моменти во денот и да се потсетам на тоа колку е важно луѓето кои се околу вас да се среќни за и вие да сте среќни.
Кој од екипата на актери во „Преспав“ е најголемиот шегаџија во текот на снимањето на серијата?
Актерската екипа на ,,Преспав” е исклучително професионална, спремна, уиграна и секој од нив се труди секоја сцена да е исклучително добро сработена и одиграна. Секој колега од кастот во себе носи доза на хумор и кога ќе се спои тој хумор и хуморот што го носат ликовите сетот пулсира од креативен набој и убава атмосфера за работа. Мислам дека секојдневно имаше шеги кои произлегуваа од креативната инспирација на колегите и дел од нив и се влезени во финалните верзии на епизодите, а особено умешни во тоа беа Коста (Игор), Томе ( Горан) и Талат (Дритон).
Пандемијата е тема и во новите епизоди на хит серијата.Колку вас лично ве плаши коронавирусот? Дали би се вакцинирале?
Да би се вакцинирала. Не би можела да кажам дека не ме плаши коронавирусот, ја следам ситуацијата и сум многу внимателна, се грижам за сопственото здравје и здравјето на моите најблиски. Ги следам препораките бидејќи сметам дека не е само лична одговорност туку е и општествена, ако се штитите себеси ги штитите и чувате и другите.
Зад себе имате и театарско и филмско искуство. Имате ли омилен лик којшто ви има остаевено посебно впечаток?
Немам омилен лик,сите ми се драги и сите ликови кои ги имам работено досега некако имаат оставено по некоја трага врз мене и се дел од колажот Наташа,бидејќи за да постои секој еден од нив, поминувам низ еден низ еден комплексен процес на создавање поткрепен со големи анализи и истражувања, копање по сопствени емоции и откривање на нови светови што биле од големо значење за мојот личен раст и развој во личноста која сум денес.
Што недостасува на македонската театарска и филмска уметност?
Недостасуваат пред се финансии и повеќе можности бидејќи како држава сметам дека располагаме со прекрасна креативна театарска како и филмска екипа која е подготвена да работи и чека да и се отвори прилика.
Што правите во моментов?
Во моментов работам на неколку идни проекти за кои е премногу рано да споделам информации. Периодов сме во припреми за прослава на петтиот роденден на Артопија на која сме особено горди и среќни како екипа, како и подготовка на втората книга за деца што неизмерно ме радува бидејќи на некој начин е остварување на мојот детски сон.
Б.М.