Папата апелира за заштита на мигрантите на „Балканската рута“

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Денес, по неговата молитва, папата Франциск апелираше на заштита на мигрантите што се движат по „Балканската рута“.

Апелот најмногу се однесува на малолетни мигранти.

Станува збор за илјадници луѓе од различни делови на светот кои се обидуваат да стигнат до западноевропските земји.

– За жал, меѓу оние кои се принудени да ја напуштат својата татковина од повеќе причини, секогаш има десетици деца и млади без семејства, кои се изложени на бројни опасности. „Балканската рута“ деновиве е особено во центарот на вниманието, но ги има на сите „правци“. Дозволете ни да сториме сè за да им обезбедиме на овие слаби и незаштитени суштества должно внимание и привилегирани хуманитарни канали – рече папата, објави Ватикан њуз.