Во законот прилично е добро објаснето за лица кои не се во државата, податоците ги дава личност која најдобро ги познава, со цел да се има контрола врз процесот за да се има гаранција дека податоците се точни се зема нивниот матичен број, вели Славјанка Петровска од СДСМ во Студио 10.
Во врска со вчерашните спротивставени мислења на заменик – директорот на Заводот за статистика Илми Селами и директорот Апостол Симовски, Петровска вели дека пред да излезат со јавни изјави треба добро да се координираат.
-Апелирам до нив и до сите да внимаваат и подобро да се координираат во јавноста кога ќе ги даваат мислењата.Допрва ќе се отвараат прашања за кои не е коректно јавноста да биде вознемирувана. Доколку се појави оправдано недоразбирање кое потекнува од зкаонот, вистинската адреса е Собранието која преку инструментот на автентично толкување може да им ги појасни сите нејасностии, вели Петровска.