Ник Кирјос повторно прави проблеми на тениските терени, а овој пат во 1. коло на Австралија опен против Португалецот Фредерик Фереира Силва.
Кирјос играл против квалификант пред домашната публика и биле доволни само два гема за да го привлече вниманието.
Тој почнал да покажува со прстот кон својата вип ложа на трибините, барајќи некој да изнесе некоја девојка од таму.
Силва потоа водеше со 2: 0, Кирјос беше нервозен, почна да мрмори и да се лути на себе, а потоа го сврте вниманието кон ложата.
„Кажи и на твојата девојка да излезе од мојата ложа“, рече Кирјос.
Не беше јасно кому му се обраќаше, а австралиските медиуми пишуваат дека тоа му го рекол на неговиот брат Христос, кој бил меѓу оние што биле видени во ложата.
Кирјос направи пресврт, поведе со 6: 4, 6: 4 и води со 4: 2 во третиот сет.
I have so many questions about this comment from Nick Kyrgios pic.twitter.com/KUKg6gwpVk
— D'Arcy Maine (@darcymaine_espn) February 8, 2021