Рекламата за Супербоул што ги збуни гледачите требаше да ги натера да купат овесно млеко, но многумина веднаш ја прогласија за најлоша реклама досега.
Рекламата за овесното млеко трае 30 секунди и го прикажува извршниот директор Тони Петерсон како свири синтисајзер на поле и пее песна за млекото. И тоа е тоа.
„Таа реклама беше толку лоша, никогаш повеќе нема да купам Оутли“, „Оутли, го сакам твоето млеко и сè, но поради таа реклама посакав кравјо млеко“, „Најлошата реклама досега“, „Сè што вели оваа реклама: Имаме пари само за рекламен простор“, коментираат луѓето ширум светот на социјалните мрежи.
The marketing manager of @oatly discussing the budget for making their Super Bowl commercial. #SuperBowl pic.twitter.com/J0gOfZEQeL
— Froggy 102.7 🐸 (@froggyonair) February 8, 2021
Сепак, имало и воодушевени, кои ја препознаа дозата на хумор во серија „напумпани“ реклами, како што се поставуваат на Супер Боул.
Oatly jingle kinda nice tbh pic.twitter.com/tq9gOYQZ0Q
— Blackbeard (@Blackbeard) February 8, 2021
„Добро, ова е мојата најдобра реклама досега, совршена смисла за хумор“; „Ова беше најчудната реклама за Супербоул досега и никогаш не сум бил посреќен поради тоа“; „Не можам да го извадам џинглот од главата“, напишаа други.
Me trying to get “wow wow wow, no cow” out of my head over the next 24 hours pic.twitter.com/DRPkqJq7ZZ
— David Lynch (@RealDavidLynch) February 8, 2021