Милошоски бил осуден за фалсификување на исправи во Германија

од Берта Китинска
530 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски една година пред да биде назначен за министер за надворешни работи во Македонија, бил осуден за дела во Германија, дознава „А1он“.

Според  документите од судот во градот Ахен, Милошоски сторил дело фалсификување на исправи.Нему му била изречена поблага казна, иако за двете дела, според актуелниот Кривичен законик на Германија, се предвидува и казна затвор.

„Во 2004 – 2005 година јас бев студент во Германија. Секогаш сум имал регулиран престој. Не сум имал никакво дело кое што на било кој начин би можело да го доведе во прашање мојот престој во Германија. Доколку има нешто такво ќе објавите, ќе видиме. Јас не мислам дека има такво нешто. Мислам, можете да се обратите до Германска амбасада или да видите во германското Министерство за внатрешни работи, мислам, дека ќе ви одговорат прилично експлицитно. Па еве вие објавете, прашајте до германското МВР и ќе го добиете точниот одговор. Од септември 2001 година до мај 2006 година сум имал секогаш регулиран редовен престој без било какви проблеми во истиот. Доколку се случило, не би можел да имам престој“, вели Милошоски за а1.он.

Слични содржини