СДСМ: Да се качи и на месечината, космонаутот Мицкоски нема да избега од поразите

од Берта Китинска
220 прегледи

По изјавата  на лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  дека од Месечината може да се види Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори од СДСМ му порачаа дека и на месечината да се качи нема да може да избега од поразите.

-Христијан Мицкоски е докажан губитник, предводник на докажано криминална и режимска партија.И на месечината да се качи, космонаутот Мицкоски нема да може да избега од поразите и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.Последните јавно објавени информации во неколку медиуми покажуваат дека соработникот на Мицкоски, Антонио Милошоски бил осуден за кривични дела во Германија во 2004 и 2005 година, а овде, во државата се водат и судски процеси против него како и кон повеќе актуелни и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните знаат дека во ВМРО-ДПМНЕ силно е присутна криминално-режимската матрица и затоа оваа партија е шест пати поразувана на избори и затоа уште долго ќе остане во опозиција, велат од СДСМ.

 

 

Слични содржини