На денешната владина седница беа донесени 19 одделни одлуки за доделување на финансиски средства на 19 студентски и ученички домови во земјава за подмирување на режиски трошоци, односно за вода, електрична енергија, греење, како и набавка за храна на ученичките и студентските домови заради непредвидени ситуции како последица на Ковид пандемијата.
Исто така, на вечерашната седница е усвоена и Информацијата за неисплатените обврски на Министерството за култура за проектите избрани во рамки на годишните конкурси за финансирање на проекти за културата за изминатата календарска година.
Меѓудругото, Министерствотио за култура е задолжено да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства.
„Во врска со ова Владата го задолжи Министерството за финансии преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура кое доби обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата на Република Северна Македонија за констатираните состојби и за мерките преземени по наодите од тие контроли“, стои во описот на владините одлуки.