Јувентус иако одигра нерешено го совлада Интер за финале во Купот

270 прегледи

Јувентус и Интер денес го одиграа реваншот од полуфиналето во Купот на Италија, на крајот во финалето патува тимот од Торино.

Вечерва во Торино гледавме интересен меч со шанси на двете страни единствено нешто што недостасуваа беа голови. Интер на стартот имаше иницијатива и напаѓаше, а како што одминуваше времето Јувентус се ослободуваше од притисокот.

Второто полувреме донесе повеќе шанси на „старата дама“. Роналдо најмногу се закануваше, меѓутоа Хандановиќ вечерва излезе како победник во сите дуели со Португалецот.

Победата на Јувентус од минатиот натпревар во Милано (1:2) беше доволна за Јувентус да се избори за финале каде што ќе игра против подобриот од Аталанта и Наполи. Тој натпревар се игра утре во 20:45 часот.

Слични содржини